Остатоците од телата се пронајдени, испратени на форензичко испитување

Остатоците од телата од деветте жртви на хеликоптерската несреќа во која животот го загубија Коби Брајант и неговата ќерка Џана се пронајдени и испратени во Форензичкиот научен центар на испитување и идентификација. Коби Брајант патуваше со 13-годишната ќерка Џана и со уште седум патници кога хеликоптеот „Сикорски С-76“ удри во брдо по густа магла во Калабасас.

Загинаа и Џон Алтобели (56), долгогодишен главен тренер на бејзбол тимот Оранџ Коуст Каунти во Јужна Калифорнија, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса, потоа Кристина Мозер, кошаркарски тренер на девојките во основното училиште во Јуна Калифорнија, уште еден млад играч Пејтон Честер и неговата мајка Сара. Пилотот Ара Зобајан е деветтата жртва во хеликоптерската несреќа.

Пилотот имал повеќе од 10 години искуство и имал регистрирано повеќе од 8.000 часови лет со хеликоптер. Истражителите активно работат на идентификација на остатоците од телата пред и официјално да ги известат семејствата и роднините за големата трагедија.

 

Се вчитува...