Остроушко се заканува: Велат дека сме аутсајдери, ќе им покажеме дека не е така…

ЕКИПА во Виена,

Стеван Цаневски

Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Влад Остроушко, е максимално мотивиран токму против Македонија да докаже дека Украина заслужува да биде дел од овој европски шампионат. На левиот бек му пречи што на неговата селекција се гледа како на аутсајдер во групата Б, но смета дека тоа ќе послужи како дополнителна мотивација за да се стигне до позитивен резултат.

„Велат дека сме аутсајдери во групата и не се согласувам со тоа. Како и да, само ја мотивираат Украина, да покажеме за што сме способни почнувајќи од првиот натпревар против Македонија. И физички и ментално сме подготвени за дуелот со Македонците, ќе сториме се за да стигнеме до победата“ – вели Остроушко во пресрет на денешниот натпревар.

Оваа селекција претрпе три порази на турнирот во Швајцарија непосредно пред стартот на ЕП 2020, но украинските ракометари не се многу загрижени поради слабите резултати во подготвителниот период.

„Сакавме да славиме и во подготовките, но сепак најважно беше да се подготвиме што подобро за стартот на ЕП. Верувам дека го остваривме тоа, спремни сме, не се плашиме од никого ќе го сториме се за да триумфираме веќе на стартот од овој шампионат“ – најавува Андреј Јакименко.

Се вчитува...