Осум фудбалски легенди ќе го „местат“ Светското првенство

Ждребот за групната фаза на Светското превнство е закажан за 1. декември во историскиот комплекс во Москва, Кремљ, а ФИФА обелодени кој ќе ја води програмата.

Осум легенди на светскиот фудбал ќе ја кројат судбината на репрезентациите учесници на мундијалот: Лоран Блан, Гордон Бенкс, Кафу, Фабио Канаваро, Диего Форлан, Диего Армандо Марадона, Карлес Пујол и Никита Симоњан ќе го имаат задоволството да ги извлечат топчињата.

На самиот настан ќе се појави уште една легенда од фудбалскиот свет, Гери Линекер во улога на водител ќе има задача да ги забавува присутните во Кремљ.

https://twitter.com/FIFAWorldCup/status/932898404518285314

Се вчитува...