Осум Македонци повторно на мегдан против Португалците потсетувајќи се на дуелот од ЕП 2017 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Дури осум актуелни македонски репрезентативци, заедно со селекторот Благоја Милевски, ќе имаат повторно средба со Португалците потсетувајќи се на јуни 2017 година и дуелот на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

На натпреварот во Гдиња тогаш предводени исто така од Милевски против Португалците настапија Енис Барди, Давид Бабунски, Бобан Николов, Елиф Елмас, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу а на клупата за резервни фудбалери останаа Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.

Натпреварот заврши со триумф на Португалците од 4-2, Енис Барди постигна прекрасен погодок за Македонија, а вториот беше дело на Кире Маркоски, на асистенција на Елиф Елмас.

Од тој дуел во Гдиња во 2017 година, во португалската репрезентација се четворица фудбалери, Кансело, Жота, Гуедеш и Ренато Санчез кој, сепак, поради жолти картони нема да биде во составот за дуелот во вторник на „Драгао“.

 

Се вчитува...