Ал Наср конечно стигна до посакуваната шампионска титула, но колку што е голем придонесот на Кристијано Роналдо на теренот, подеднакво значајна е работата на Жорге Жезус како кормилар на новиот шампион на Саудиска Арабија.
Токму затоа, Жезус изненади многумина што веднаш по завршувањето на последното коло и прославата на титулата објави дека заминува од Ал Наср. Интерес за овој стратег покажуваат Португалската Фудбалска Федерација (за по СП 2026) и неговиот поранешен клуб Фенербахче, но Жезус се уште наме донесено одлука.
„Јас уште при доаѓањето овде реков дека цел ми е да му помогнам на Кристијано Роналдо да стигне до трофејот. Успеав во тоа и сега си заминувам среќен… Мојот ефект врз Саудиска Арабија? Би сакал да се говори дека сум освојувал трофеи секаде, не само во Саудиска Арабија. Единствениот ангажман што не ми заршил со шампионска титула е Фенербахче, тоа еден вид на недовршена задача, можеби ќе се вратам назад… Сега одам на неколку дена одмор во Португалија, па потоа на неколку дена во Бразил да си ги видам пријателите… Има време за одлука, само едно е сигурно, не се враќам во Беенфика“, дециден е Жезус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
