Освои титула со Сити, го посрамоти Јунајтед, а сега ќе го предводи клубот од „Олд Трафорд“?

Како што пренесува италијанскa „Република“ можна замена за Оле Гунар Солскер на клупата на Манчестер Јунајтед се јавува и Роберто Манчини, тренерот кој во сезоната 2011/12 ја освои титулата со Манчестер Сити во драматичен финиш против КПР со гол на Агуеро во последните секунди.

Во шампионската сезона два пати ги добиваше „црвените ѓаволи“, притоа им го нанесе и убедливиот пораз од 6-1, но веќе во следната сезона го напушти Манчестер. По Англија работеше во Турција, во Галатасарај, се врати и во Интер, а сезоната 2017/18 ја помина во Русија како предводник на Зенит, додека сега е актуелен тренер на италијанската репрезентација.

Манчини ја има предноста во искуство во однос на Покетино, има и кредибилитет во водење на големи клубови, но доколку Солскер биде заменет пред крајот на сезоната се јавува проблем во можноста да ја напушти клупат на „Азурите“.

Се вчитува...