Отфрлена жалбата на Наполи, Јуве слави со 3-0

Наполи претрпе и пораз „на зелена маса“ откако Апелациската комисија денеска ја отфли жалбата на клубот на Елиф Елмас за неодиграниот натпревар против Јувентус. „Наполитанците“ се надеваа на поништување на службената победа што му беше доделена на противникот и одредување на нов термин, но „апелација“ само ја потврди првостепената одлука.

За потсетување, големото дерби што требаше да се игра во Торино не се одигра бидејќи „наполитанците“ воопшто не допатуваа во тимот. Де Лаурентис се вадеше на позитивните случаи на Елмас и на Зиелински како причина да биде изречена одлука за самоизолација на сите фудбалери, поради што Наполи немал начин да патува за Торино.

Аргументите не беа прифатени, одлуката за службен триумф на Јувентус потврдена, но се очекува сега Наполи да ја продолжи правната битка.

Се вчитува...