Откако доби „корпа“ од Мбапе, Реал оди на шопинг во Милано!

Реал Мадрид најави две мега засилувања за ова лето, но остана и без двете. Прво се зборуваше за Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, но тој отиде во Манчестер Сити, се зборуваше за Килијан Мбапе, на крајот Французинот реши да остане во ПСЖ.

Па сега шпанскиот шампион бара алтернативни решенија. Нов играч на списокот е крилниот напаѓач на Милан Рафаел Леао, пишува „Марка“. Оваа сезона, 22-годишниот португалски репрезентативец постигна 14 гола и запиша 9 асистенции во 41 натпревар за Милан.

Се работи за брз и експлозивен напаѓач кој би бил добро засилување за славниот Реал. Тој е дете на Спортинг Лисабон, а сезоната 2018/19 ја помина во Лил каде се препорача на Милан, па во 2019 година дојде на „Сан Сиро“. Инаку има пет настапи за Португалија.

Се вчитува...