Откако ги освоија Апенините: Репрезентативците тргнаа по ново чудо и на Пиринеитe (ФОТО)

Македонските репрезентативци со чартер лет од скопскиот аеродром заминаа за Порто на историскиот финален натпревар од баражот за пласман на СП 2022 против Португалија кој во вторник (29. март) се игра на „Драгао“ со почеток од 20:45 часот.

Позитивна е атмосферата во националниот тим пред пресметката со Португалците на која нема што да се загуби.

Денеска, утрово, избраниците на Благоја Милевски го одработија последниот финален тренинг во Скопје на кој се детализираше тактиката за мечот со Португалците, а официјалниот тренинг е закажан за утре на „Драгао“ од 19 часот.

 

Се вчитува...