Откажан настапот на сениорките на евро-квалификациите во Рига

Женската сениорска репрезентација на Македонија нема да патува за Рига, каде што требаше да одиграме два натпревари во квалификациски турнир за пласман на Евробаскетот во 2021 година против Летонија и Хрватска. Причината за откажување на настапот на „балонот“ се два позитивни случаи на коронавирусот кои беа откриени на последното задолжително тестирање.

По консултациите во челниците на ФИБА, и покрај тоа што станува збор за позитивни случаи од стручниот штаб, константирано е дека не постојат здравствени услови за нашата репрезентација да отпатува во Рига, а тоа го потврдија и од таборот на федерацијата.

„Со оглед на тоа дека биле во најблизок контакт со ‘позитивните’, во наредниот период останатите членови на нашиот национален тим, а по препорака на лекарските авторитети, ќе бидат во самоизолација, со што би се спречило ширење на заразата. Како одговорна федерација, ние секојдневно ќе ја следиме состојбата на сите членови на нашата женска селекција“– изјави генералниот секретар, Владимир Георгиевски.

Се вчитува...