Откажани Мото ГП трките во В. Британија и Австралија

Мото ГП трките на Силверстоун и Филип Ајленд официјално се откажани. Тоа значи дека годинава сигурно фановите во Велика Британија и Австралија нема да уживаат во најдобрите мотоциклисти во светот.

„Светската автомобилистичка организација и Дорна со жалење објавуваат дека пандемијата од коронавирусот доведа до промена во календарот на натпреварувања, што значи дека ќе мора да ги откажеме ГН на Велика Британија и Австралија“ – стои во официјалното соопштение. 

Трката за ГН на Велика Британија требаше да се вози на 30. август на Силверстоун, додека во Австралија трката требаша на програмата да биде на 25. октомври. Неверојатен е податок дека по цели 70 години нема да има Мото ГП трка во Велика Британија.

Се вчитува...