Откриена е „мистеријата“: Пјаниќ е исфрлен од репрезентацијата поради „журкање“ во ноќен клуб

Миралем Пјаниќ е главна тема во Босна и Херцеговина, откако синоќа беше изоставен од фудбалската репрезентација. Спортската јавност се заинтригира зошто фудбалерот на Барселона кој е позајмен во Бешикташ е отстранет од матичната селекција, а причината е конечно позната.

Имено, фудбалерот бил изоставен од тимот поради неговата недисциплина, поточно пред натпреварот бил фотографиран во ноќен клуб како ужива во наргиле во кафеана, а потоа како се „журкал“ во ноќен клуб. Јавноста му замери заради непрофесионалниот пристап кон репрезентацијата, која многумина ја сметаат за лоша без разлика на оваа најнова ситуација.

Пјаниќ заработи бројни свирежи при излегување од теренот на дуелот против Финска. Тој ја напушти играта во продолжението од мечот во моментите кога БиХ заостануваше два гола.

Се вчитува...