Во објава на социјалната мрежа X се споменува заминувањето на седумкратниот шампион од Ферари. Нема потврда, со оглед на тоа што и договорите со возачите и неодамнешните изјави на Хамилтон покажуваат поинаква слика.
На профилот на „ЏанРатаци“ беше објавено дека Британецот нема да ја продолжи соработката со Ферари. Во истото соопштение се споменува негово враќање во Мекларен или преселба во Ред Бул, но нема докази за преговори било кој од тие два тима.
Авторот наведува и дека Хамилтон би можел да размисли за завршување на кариерата ако не најде конкурентно место.
Важно е да се нагласи дека ова е непотврдено тврдење. Нема независна потврда дека Хамилтон одлучил да го напушти Ферари или дека разговара со споменатите тимови.
Неговото доаѓање во Ферари беше официјално претставено како повеќегодишен договор. Во прегледот на договорот, ажуриран на 16 октомври, порталот на Формула 1 наведува дека има информации за тригодишна соработка, односно договор што ја вклучува и 2027 година.
Ситуацијата во Мекларен не укажува на лесно место за враќање. Ландо Норис е врзан со тимот барем до крајот на 2030 година, додека Оскар Пјастри има повеќегодишен договор што ја опфаќа барем сезоната 2027.
Слична пречка постои и во Ред Бул, каде што Макс Верстапен ја продолжи соработката до крајот на 2030 година. Исак Хаџар исто така има договор за 2027 година, па евентуалното доаѓање на Хамилтон би барало промена во постојните планови.
Враќањето во Мекларен сигурно би имало посебна симболика. Хамилтон возеше за тој тим од 2007 до 2012 година и токму во нивниот автомобил ја освои својата прва светска шампионска титула во 2008 година.
Сепак, неговите последни јавни обраќања не навестуваа разделба со Ферари. На почетокот на октомври, тој застана зад шефот на тимот Фред Васер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
