Откриена тактиката и составот на Де Бур: Нема менување на формацијата 3-5-2 (ФОТО)

Холандските медиуми на денешниот тренинг на репрезентацијата на Холандија ја открија тактиката на Франк Де Бур за утрешниот натпревар со Македонија во Групата Ц на ЕВРО 2020.

Зумирајќи ги белешките на селекторот Де Бур холандските медиуми откриваат дека нема да се менува со досегашната формација (3-5-2), а ќе има само две измени во стартниот состав.

На местото на Даниел Мален ќе игра Вегорст во нападот, а Грајвенберх ќе игра во средниот ред на местото на Де Рун.

Согласно информациите од холандските медиуми, „лалињата“ ќе настапот во следниот состав: Стекеленбург, Думфрис, Де Вриј, Де Лихт, Блинд, Ван Анхолт, Рајан Грејвенберх, Вајналдум, Френки Де Јонг, Мален, Мемфис Депај.

Се вчитува...