Интер долго време преговараше за ангажман на Ромеро од Тотенхем, личните услови се договорени одамна, беше направен напредок и во разговорите меѓу клубовите, но се е стопирано откако „нероаѕурите“ се соочија со неочекуван проблем.
Имено, италијанскиот првак се надеваше дека ќе собере најмалку 30 милиони евра од продажбите на Фратези и на Павар, пари што потоа ќе беа инвестирани во одличниот аргентински дефанзивецот. Планот пропадна откако Интер до почетокот на месец август не доби ниту една единствена понуда за трансфер на италијанскиот играч за врска и за францускиот дефанзивец. Опциите за позајмици беа одбиени, па „нероаѕурите“ останаа без буџет за нови фудбалери додека овој проблем не биде решен.
Италијанските медиуми откриваат дека за целата ситуација бил информиран и самиот Ромеро, кој токму затоа почнал преговори со Атлетико Мадрид.
За разлика од Интер, Атлетико минатата седмица го продаде Руџери во Астон Вила за 16 милиони, Алмада ќе замине во Ривер за дополнителни 20 милиони, така што мадридскиот тим има подготвен буџет за да го доведе Ромеро. Првата понуда на тимот на екипата на Диего Симеоне ќе изнесува 30 милиони плус клаузули, но се очекува двата клуба да најдат заеднички јазик и аргентинскиот дефанзивец летово да се пресели во шпанскиот главен град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
