Откриено зошто Шешко потпиша за Јунајтед, а го одби Арсенал!

Менаџерот на Бенџамин Шешко, Елвис Башановиќ објасни зошто Шешко го одбил Арсенал, но и Њукасл и на крајот потпишал за Манчестер Јунајтед.

Се шпекулираше дека условите на договорот што ги барале Шешко и неговиот агент биле превисоки за Арсенал, а Башановиќ сега отворено проговори за тоа.

„Тешко е да се каже што доведе до таква одлука. Секогаш кога не е договорен трансфер, има неколку фактори што не се оствариле. Важна е желбата на Бенџамин што ја имал со години, а тоа е да игра за Манчестер Јунајтед. Тоа пресуди“ – рече Башановиќ и додаде:

„Поради Јунајтед, тој дури беше подготвен да ја намали својата плата за да се реализира трансферот. Како негов агент, направив сè што можев за да ја остварам таа желба.“

Се вчитува...