Баерн Минхен успеа да се ослободи од уште еден фудбалер кој не беше дел од плановите на тренерот Компани откако Жоао Палиња го комплетираше трансферот во редовите на Бенфика.
Португалскиот играч за врска минатата сезона ја мина на позајмица, но и по враќањето во Минхен му беше ставено до знаење дека во Баерн не сметаат на неговите услуги. Палиња беше на чекор до Астон Вила, тој трансфер пропадна, по што на сцена стапи Бенфика, договарајќи ги сите услови и со фудбалерот и со баварскиот гигант.
„Жоао Палиња, 31 година, е нов член на фудбалскиот тим на Бенфика. Португалскиот репрезентативец доаѓа од Баерн Минхен, потпишувајќи договор до 30 јуни 2030 година.. Договорот меѓу клубовите изнесува 14 милиони евра, плус максимални пет милиони евра преку најразлични клаузули. Во договорот на Палиња со Бенфика има клаузула за заминување во висина од 50 милиони евра“, објави португалскиот гигант на својата официјална веб-страница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
