Подготовките за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година се во полн ек. Така организаторите потврдија дека отворањето во Калифорнија ќе биде посебно. Во исто време ќе се одржи во Колосеум и на стадионот „Соу Фај“, што воедно е првпат да видиме вакво нешто во историјата на Олимписките игри.
Досега ниту едно отворање на ОИ не е одржано на две различни места во исто време, што е голем чекор за градот Лос Анџелес, кој според Кејси Весерман има богата спортска историја.
„Стадионите избрани за свеченото отворање и затворање ќе ја истакнат богатата спортска култура и најсовремената иднина на Лос Анџелес. Тие ќе го покажат најдоброто од она што ЛА има да го понуди на светската сцена. Овие два стадиони ќе создадат незаборавно искуство. Тие ќе ги пречекаат навивачите ширум светот на Олимписките и Параолимписките игри како никогаш досега, а овие игри ќе бидат едни од најдобрите во историјата“, изјави Весерман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА