Отворена исповед на Огњен Врањеш за секс-скандалот со Карлеуша: „Ова не е фер….“

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш одлучи за белгиските медиуми за првпат отворено да проговори за секс скандалот во кој неодамна се најде заедно со српската пејачка, Јелена Карлеуша. Во моментите додека Карлеуша минува низ траорен период по смртта и на нејзината мајка, Врањеш одлучил дека не е време да молчи за се што му се случило, негирајќи дека тој е негативецот во приказната.

Во суштина, од целата таа ситуација, сериозен губитник е и самиот Врањеш кој е исфрлен од репрезентацијата на БиХ…

„Тој самиот се исфрли од репрезентацијата поради однесувањето надвор од теренот. Најпрво од спорната тетоважа, па препукувањата со навивачите до аферата со Карлеуша за која вие повеќе знаете од мене. Неговите фудбалски квалитети не се спорни, но нема да биде повикан поради сите други работи“ – истакна неодамна селекторот на БиХ, Роберт Просинечки.

Сето тоа дополнително го повредило Врањеш, поради што се одлучил да се отвори пред белгиските медиуми, оправдувајќи се за се што изминативе месеци му се става како негов товар.

„Неправедно е што сум јас секогаш жртвеното јагне. Елементите кои се приватни и не се спортски не треба да имаат никакво влијание на кариерата на било кој спортисти. Ете, Карим Бензема беше вклучен во многу правни истраги, постои запис за секс со малолетна проститутка, но тој се уште е во тимот на Реал Мадрид!? Сакате да кажете дека Реал Мадрид, во споредба со Андерлехт, е мал клуб? Тоа што јас го доживувам навистина не е праведно. Прескапо ги платив моите грешки. Сепак сум и самокритичен. Разбирам дека не се однесував и баш најдобро во јавност изминатиов период, но ете ме понесоа силни емоции. И јас сум само човек“ – вели Врањеш, кој на директното прашање за Јелена Карлеуша, сепак, одговара кратко:

„Тоа е приватна работа, не сакам да коментирам ништо во врска со неа“.

Како и да е, коментирал или не, Карлеуша веќе се пофали дека му подготвила тужба за клевета.

„Потпишав уште 40 полномоштва за тужби и кривични пријави, па вкупната бројка сега е 160. Не морам да објаснувам колкаво зло ми нанесоа, ми го загрозија животот, удрија на семејството, на мажот и децата, на кариерата, достоинството и моите човечки права. Парите од секоја добиена тужба јавно ќе бидат обелоденети и ќе ги подарам на оние на кои им се најпотребни. Злото кое мене ми го приредија ќе го претворам во добро за некои луѓе“ – вели Карлеуша.

Се вчитува...