Отворено СП во Кина – Изненадување на вечерта Џеки Чен (ВИДЕО)

Еден ден пред почетокот на натпреварите официјално беше отворено Светското првенство во Кина на кое за првпат ќе учествуваат 32 селекции.

Кинезите покажаа дека се одлични домаќини. На отворањето имаше претставување на сите земји учеснички, како и одлична музичка понуда, а изненадување на вечерта беше настапот на еден од најпознатите глумци кои доаѓаат од Кина, Џеки Чен кој на отворањето ја исполни песната „Амбиција во моето срце“.

Мундобаскетот почнува утре со мечот меѓу Србија и Ангола кој на програмата е со почеток во 09:30ч.

 

Се вчитува...