Ова е неверојатно: Дончиќ е едноставно незапирлив… (ВИДЕО)

Далас славеше против Минесота со 119-115 по уште една маестрална партија на Лука Дончиќ во еден од синоќешните дуели во НБА лигата. 19-годишниот Словенец постигна 29 поени, дополнети и со 12 асистенции, осум скока и две украдени топки за нова победа на својот тим.

„Не ми е важно дали бев блиску до трипл-дабл. Мора само да победуваме. Тоа е единствено важно“ – рече Дончиќ по мечот.

Него го следеа Харисон Барнс со 23 поен и Хуан Бареа со 16 постигнати поени.

Портланд беше убедлив против Шарлот победувајќи со 127-96, со 30 поени на Си Џеј Мекалум, додека 20 поени постигна Демијан Лилард. Јусуф Нуркиќ беше блиску до „трипл-дабл“ со 11 поени, 11 скока и 8 асистенции, а имаше и 6 блокади.

Вашингтон го искористи отсуството на Јанис Антетокуомпо и славеше против Милвоки со 113-106. Визардси беа предводени од Бредли Бил со 32 поени и седум асистенции, а по 20 поени постигнаа Џеф Грин и Тревор Ариза. Томаш Саторански го запиша првиот трипл-дабл во кариерата со 18 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Јута триумфираше против ЛА Лејкерс со 113-95 предводена од Донован Мичел со 33 поени и девет асистенции. Ројс О’Нил постигна 17 поени, Дерик Фејворс 15 поени дополнети и со 13 скока, а по „дабл-дабл“ имаа и Џон Инглс со 14 поени и 12 скока, како и Руди Гобер со 12 поени и 18 скока. Кај Лејкерс најефикасен беше Мајк Бизли со 17 поени а 15 поени постигна Брендон Инграм.

Голден стејт на свој терен го уништија Чикаго победувајќи со 146-109. Големата тројка на Вориорс беше одлична. Клеј Томпсон постигна 30 поени, Стеф Кари имаше 28 поени а Кевин Дурант запиша 22 поени.

Индијана го победи Њујорк со 121-106 со 22 поени и 15 скока на Домантас Сабонис. Го следеа Виктор Оладипо со 19 поени и Бојан Богдановиќ со 13 поени.

Се вчитува...