Ова е понудата на Реал Мадрид за Алегри…

Јоаким Лев е „во аут“, а Масимилијано Алегри останува главен фаворит во трката за нов тренер на Реал Мадрид за наредната натпреварувачка сезона. „Марка“ објави дека претседателот Флорентино Перез минатата седмица лично се сретнал со екс-тренерот на Јувентус, а во своето денешно издание мадридскиот весник ги обелодени и деталите од понудата што „кралевите“ му ја доставиле на Алегри.

Договорот би бил на две години, со можност за продолжување за дополнителна трета сезона, доколку двете страни се задоволни од соработката. Алегри во овој период би земал годишна плата од 10 милиони евра, но и бонуси за секој освоен трофеј на чело на „кралевите“.

Се очекува италијанскиот стручњак до крајот на оваа седмица да одговори на понудата, со оглед на фактот дека Флорентино Перез ќе настојува на самиот почеток од наредната недела, веднаш по завршувањето на сезоната, да го официјализира заминувањето на Зидан, но и именувањето на нов тренер. Доколку не постигне договор со Алегри, тогаш Перез за наследник на Зидан ќе го именува Раул Гонзалес, клупската легенда што моментно е тренер на младинскиот тим на „кралевите“.

Се вчитува...