Ова е сонот на сите Португалци, но Македонија е тука да ги „разбуди“

Кристијано Роналдо со пехарот кој му недостасува во кариерата. Ова е фотографија за која секој Португалец и фан на Кристијано сонува. Вечерва Португалија против Македонија ќе се бори за пласман на Мундијалот, можеби последен за играчот на Манчестер Јунајтед.

Македонија е тука да им ги расипе плановите на сите Португалци, и на Кристијано Роналдо. Тој вчера не сакаше да признае дека за него тоа ќе биде последен Мундијал (на следниот ќе има 42 години).

И да замине на Светско првенство, на Португалија и е јасно дека овој пехар тешко се освојува. Можеби најтешко од сите во фудбалот. Затоа, пак, Македонија е „убиец на фаворити“. После Италија, следува Португалија. Немаме ништо против така да биде и вечерва во Порто.

Се вчитува...