Ова е вистинската вежба: Како да се фатат три бода со Израел (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најдобрите македонски фудбалери го одработија денешниот утрински тренинг и полека се насочуваат со мислите кон дуелот против Израел на 2.септември. Селекторот Игор Ангеловски ги распоредува силите, и се чини дека во еден дел од тренингот ја зададе вистинската вежба. Треба да се умее да се „улови“ противникот, за да се освојат три бода на гости во Хаифа. Не дека тоа ќе биде лесна задача, ама треба да се искористи моментумот.

Доколку репрезентативците играат во врвна форма во своите клубови, зошто да не демонстрираат еден таков квалитет и во националниот дрес. Утре наутро националниот тим заминува за Израел, каде ќе има два дена за комплетна подготовка за дуелот против домашната селекција. Израелците славеа во Скопје, има ли сили Македонија да возврати…?!

[new_royalslider id=”749″]

Се вчитува...