Ова не е реално: Изненадувачко име на списокот кандидати за тренер на Реал Мадрид

Тешко е за верување дека сегашниот тренер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа ќе остане на клупата на „кралевите“ и идната сезона, особено сега откако тимот е јасно дека претходно тимот остана без трофеите од Купот на Шпанија, и од Лигата на шампионите, а најверојатно ќе остане и без титулата во Ла Лига.

Затоа „кралевите“ се во потрага на нов тренер, кој би го водел тимот кон враќањето на шампионските патеки како во Шпанија, така и во Лигата на шампионите.

Во последните неколку недели се појавија многу имиња. Од Жозе Мурињо, до Маурисио Покетино, Дидие Дешамп, но сега се појави уште едно име, кое е огромно изненадување за сите љубители на кралскиот клуб, но и за фудбалот воопшто.

Според шпанските медиуми, сегашниот тренер на Штутгарт, Себастијан Хенес бил во потесниот круг на изборот на Флорентино Перез за нов предводник на Реал Мадрид. Станува збор за млад тренер кој одлично го менаџира тимот на Штутгарт и тоа со доста ограничен буџет, па се смета дека тој може да се снајде добро и на клупата на гигантот од Шпанија.

Сепак, Реал веќе се „изгоре“ со Чаби Алонсо, кој дојде како шампион од Германија со Баер Леверкузен и не се снајде, па стравувањата се дека Хенес би бил премногу млад и неискусен за да води еден таков огромен клуб, односно дека нема да може да се носи со притосокот кој го носи со себе кралскиот тим.

Се вчитува...