Горан Пандев денеска влезе во историјата на фудбалска Италија, приклучувајќи се на елитното друштво на фудбалери кои постигнале најмалку 100 погодоци во Калчо-лигата.
Македонскиот ветеран влезе во мечот меѓу Џенова и Беневенто со 98 погодоци на своето салдо, за вечерва да блесне и да постигне два гола за 21 минута, за место во историјата на Калчото.
Погледнете ги двата гола на Пандев на вечерашниот дуел на „Мараси“ во Џенова…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА