Ова се најплатените 10 кошаркари во НБА, нема место за Дончиќ

Се е подготвено за стартот на НБА-лигата, а американските статистичари пренесуваат интересни ранг-листи во пресрет на новата сезона.

Една од нив дефинитивно е и онаа за најплатените 10 кошаркари во НБА-лигата за 2026-27, на која нема место за Лука Дончиќ од ЛА Лејкерс, кој се наоѓа само на 12. позиција со заработувачка од 51 милион долари.

На врвот е Стеф Кари, кој со новиот договор со Голден Стејт ќе добива плата од над 62 милиони долари. Воедно, со овој договор Кари ќе стане и првиот кошаркар кој во кариерата заработил над 600 милиони долари.

Никола Јокиќ се уште тактизира со потписот на нов договор со Денвер, но и актуелниот му носи вистинско богатство. Српскиот центар ќе биде втор најплатен кошаркар сезонава со нешто повеќе од 59 милиони долари заработка.

Трет е Јанис Адетокумбо, грчкиот „ѕвер“ кој конечно го напушти Милвоки, го избра Мајами за следна дестинација во кариерата, а таму сезонава ќе доби 58.556.556 долари.

Ентони Дејвис не се прослави во Далас и веднаш замина за Вашингтон, каде добива огромин 58 милиони долари. Повеќе е повреден отколку што игра, Дејвис без конкуренција е најпреплатената „ѕвезда“ во НБА-лигата сезонава.

Иста заработувачка како него има и Џејсон Тејтум од Бостон. На делба на шестото место се двајца кошаркари на Филаделфија, поранешниот член на селтикси, Џејлен Браун, кој замина во Филаделфија и во сезоната 2026/27 ќе заработи 57.736.350 долари, исто како и доминантниот центар на овој клуб, Џоел Ембид.

Топ 10 листата ја комплетираат Таунс од Њујорк никс и Букер од Феникс со по 57.078.728 долари во новата сезона, како и искусниот Џими Батлер, кој ќе инкасира 56.832.773 долари.

Се вчитува...