„Ова што му го прават на Дончиќ не е нормално“

Тренерот на Далас, Рик Карлајл реши отворено да проговори за проблемот со кој се соочува неговиот тим – недоволната заштита од судиите што ја добива Лука Дончиќ. Словенецот игра во неверојатна форма, но со самото тоа е цел на се погруби стартови од противниците, што арбитрите многу често воопшто не ги санкционираат.

„Лука игра одлично, а со самото тоа противниците се фокусирани како да го запрат. А тоа го прават тепајќи го на секој можен начин. Тоа што му го прават не е нормално, му влегуваат во стартови со цел да го турнат на земја. Одамна не сум видел вакво нешто, но Лука одично се држи“ – вели Карлајл.

Oстанува да се види дали реакцијата на тренерот на Далас ќе го даде посакуваниот резултат и арбитрите ќе го сменат критериумот кога станува збор за стартовите врз словенечката суперѕвезда.

Се вчитува...