Ова веќе е премногу: Локатели три месеци „во аут“, се повреди уште еден ас на Јуве

Неверојатните малери со повредите во Јувентус продолжуваат и со капитенот Мануел Локатели, кого исто така го чека повеќемесечна пауза како што беше случај и со Јилдиз и со Турам.

Локатели се повреди на дербито со Милан, првите прогнози велеа дека ќе се врати на почетокот на октомври, но деталните прегледи покажаа сериозен проблем со менискусот на коленото што мора да биде саниран со операција. Последните информации говорат дека Спалети ќе мора да се снаоѓа без својот капитен во следните три месеци, што уште повеќе ја отежнува ситуацијата за тренерот Спалети.

Згора на тоа, повреда на дербито со „росонерите“ заработи и крилниот офанзивец Џереми Бога, за кого се најавуваше дека ќе има позначајна улога во тимот по повредата на Јилдиз. Тој има повреда на мускулот и дефинитивно ќе мора да паузира до репрезентативната пауза, а деталните прегледи ќе покажат колку точно ќе изнесува неговата пауза од терените.

Се вчитува...