Овации за Вестбрук, победа на Оклахома над Хјустон (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа четири натпревари. Оклахома Сити Тандер го совлаа Хјустон со 113-92, натпревар во кој Расел Весбрук се врати во на местото на кое ги прикажа најдобрите партии во кариерата.

Пред натпреварот домашните навивачи со овации го поздравија Весбрук, заблагодарувајќи му се за одличниот период поминат во тимот. Весбрук натпреварот го заврши со 34 поени, кои не беа доволни за победа на Хјустон, а Харден додаде 17. Во победничкиот табор Галинари беше најефикасен со 23 поени, а Крис Пол мечот го заврши со 18 поени, шест скока и пет асистенции.

Во останатите натпревари Кливленд славеше на гостувањето кај Детроит со 112-115, додека домашни победи забележаа Филаделфија над Бостон 109-98 и Минесота над Портланд 116-102.

Се вчитува...