Овермарс: Срамна одлука додека стотици умираат секојдневно

Техничкиот директор на Ајакс, Марк Овермарс е разочаран од планот на Холандскиот фудбалски сојуз да се доигра остатокот на сезоната во време кога во светот интензивно се шири пандемијата од коронавирусот.

Холандскиот сојуз вчера објави дека ќе ги следи препораките на УЕФА и ќе се обиде да се доигра шампионатот кој би требало да заврши до август.

„Нашиот сојуз се крие зад одлуката на УЕФА. Ми се чини дека парите се пред луѓето и тешко ми е тоа да го разберам, затоа што ние не сме толку зависни од парите од продажба на ТВ правата како што се Англија, Шпанија, Германија и Италија. Ова е срамна одлука. Во Холандија секојдневно умираат по стотици луѓе, а однесувањето на челниците на УЕФА и Холандскиот сојуз може да се спореди со минатонеделните изјави на претседателот на САД, Доналд Трамп дека економијата е поважна од борбата со коронавирусот“ – вели Овермарс.

Се вчитува...