Овие три прашања можат да спречат депортација на Ѓоковиќ од Австралија

Абул Ризви, кој е еден од водечките австралиски адвокати поврзани со правата на мигрантите, најави дека е подготвен да му помогне на Новак Ѓоковиќ во рочиштето на кое српскиот тенисер ќе ја презентира жалбата по одбиената виза за влез во Австралија.

Се очекува Новак да излезе со цел адвокатски тим пред судијата, но Ризви јавно откри со кој „рецепт“ Ѓоковиќ би можел да добие виза и позитивна разрешница на оваа сага.

„Новак Ѓоковиќ добил виза под претпоставка декасе исполнети сите законски предуслови. Ако постојат проблеми со визата, граничната полиција може да го спречи лицето воопшто да полета зада дојде. Ниту тоа не се случи, па овојпат доаѓа до „трето ниво на заштита“, задржување на австралискиот аеродром. Ова може да биде сериозен преседан бидејќи ако стане шаблон за во иднина, би се создал хаос со кој аеродромите нема да можат да се носат. Да сум му јас адвокат на Новак, би излегол на сослушувањето со три прашања: Прво – акомојот клиент не ги исполнил законските услови, зошто добил виза? Второ – ако сте биле загрижени поради неговата виза, зошто не сте ја откажале пред тој да полета со својот авион? И трето – Со оглед на тоа дека сте му дале виза, а околностите не се променети во меѓувреме, по која основа сега му ја откажувате“, изјави Ризви.

Се вчитува...