Озил: Не зборувам со татко ми, поради него си заминав од Реал Мадрид

Германскиот интернационалец Месут Озил во својата автобиографија откри шокантна информација. Тој се скарал со неговиот татко и не зборува со него до денешен ден, поради заминувањето од Реал Мадрид. Во тоа време, во 2013 година, неговиот татко го претставувал во разговорите со „кралскиот клуб“.

„Мојот татко не знаеше да се носи со притисокот на преговорите. Но, сосема е нормално двете страни да имаат различни погледи на почетокот на преговорите. Тој немаше искуство со преговарање со шефовите на големите европски клубови, па му недостигаше мирен пристап за да може да се носи со ставовите на Реал Мадрид. Татко ми му ја тресна вратата од собата за состаноци на Флорентино Перез и така ризикуваше јас да седам на трибините. Морав да направам нешто за својата кариера. Го побарав Арсен Венгер и му ветив дека кога ќе ми се отвори првата можност да побарам нов клуб, ќе го контактирам токму него. Така и беше, јас се преселив во Арсенал. Со татко ми се разделив во 2013 година. Беше многу лут поради одредени работи, па дури и ми го избриша официјалниот профил на Твитер, на кој имав милиони следбеници“, пишува Месут Озил во својата автобиографија.

Се вчитува...