Озил останува во Арсенал, ако дојдат Мхитарјан и Обамејанг

Германскиот интернационалец Месут Озил се премисли, и ќе остане во редовите на Арсенал, доколку клубот ги доведе Хенрик Мхитарјан и Пјер – Емерик Обамејанг. Работата со Ерменецот е веќе завршена со мегаразмената по која Алексис Санчез се сели во Манчестер јунајтед, а „топчиите“ прават напори да го ангажираат и напаѓачот на Борусија Дормтунд. Во таков случај, Арсен Венгер би имал на располагање одлична навачна линија.

Озил е подготвен да потпише нов договор со Арсенал, кој му нуди значително подобри услови за обновување на соработката. Неговиот актуелен договор истекува во јуни, по што тој би бил слободен агент.

Се вчитува...