Не се само Азар и Куртоа – Реал го сака и Маркос Алонсо

Реал Мадрид го посакува и Маркос Алонсо од редовите на англискиот првак Челси, покрај главните цели Еден Азар и Тибо Куртоа. Претседателот Флорентино Перез смета дека е време за реновирање на составот, а Алонсо би претставувал замена за долгогодишниот лев бек на „кралевите“ Марсело. Тоа значи дека Бразилецот наскоро би можел да го напушти клубот, откако освои се што можеше да се освои, па многумина сметаат дека Марсело нема амбиции да игра на највисоко ниво како до пред една сезона.

Шпанскиот лев бек игра одлично во дресот на „сините“. Алонсо импресионираше во својата дебитантска сезона на „Стемфорд бриџ“ oсвојувајќи ја титулата, додека во втората година од неговиот престој во Лондон се истакна како еден од најдобрите играчи со кои располага Конте. Всушност, заедно со Аспиликуета, Алонсо е играчот во кого Конте има најмногу доверба.

Шпанецот постави  рекорд во топ 5 лигите во Европа откако го постигна својот шести погодок во шампионатот во оваа сезона, повеќе од било кој дефанзивец во најдобрите лиги на Стариот континент.

Доколку Алонсо се согласи да го напушти Челси за Реал, ќе го означи своето враќање во родниот Мадрид, но и во клубот каде ја започна својата фудбалска кариера.

Се вчитува...