Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја испиша најубавата страница од својата кариера, но и во историјата на македонскиот спорт воопшто!
Лина се пласираше во главниот ждреб на најпрестижниот грандслем турнир Вимблдон, станувајќи на тој начин прва македонска тенисерка во историјата која се изборила за ваков настан.
Нашата тенисерка во последното квалификациско коло на доминантен начин славеше против фаворизираната Италијанка Луција Бронзети (127. место на ВТА листата) со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 6-2.
Со овој успех Ѓорческа стана првата македонски тенисерка која успеала да се пласира во главниот ждреб на грандслем турнирите во поединечна конкуренција.
Статистички Ѓорческа имаше 9 аса, ривалката – три, на мрежа нашата тенисерка освои 8 од 10 поени, притоа имаше 5 брејка од 9 можности и успеа да спаси дури 13 брејк топки во мечот. Во вкупниот број поени скорот беше 65:42 за Ѓорческа.
Ждрепката за главниот турнир на Вимблдон е утре (петок) претпладне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
