Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски забележа нов пад на АТП ранкингот, овој пат од само четири места со кои 19-годишникот сега е 345. најдобро рангиран тенисер на светот.
Пад од четири места забележаa Горазд Србљак кој во моментот е на 1069. позиција, како и Обрад Марковски кој новата седмица ја започнува од 1609. позиција.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа нов скок во однос на претходниот ранкинг и сега е на 239. место, додека скок од пет места забележа и Магдалена Стоилковска која е на 1211. место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА