Падерборн нов член на Бундеслигата, Волфсбург се сели во „Цвајте“ (ВИДЕО)

Изненадување во баражот за опстанок. Падерборн од втората Бундеслигата се сели во првата, а некогашниот првак Волфсбург се сели во „цвајте“. Падерборн по продолженијата успеа да слави триумф, и така да дојде до победа од 2-1 на реваншот, и после оние 0-0 во Волфсбург, избори пласман во „елитата“.

А, се одлично почна за Волфсбург. Пејчиновиќ уште во 3. минута донесе предност, и се чинеше дека „волците“ добро „гризат“ кон опстанокот.

Меѓутоа клучниот момент се случи во 14. минута кога Меле доби втор жолт картон, и така ги остави играчите на „цедило“ до крајот на мечот.

Тоа го искористи Билбија во 38. минута кога успеа да израмни. Падерборн во регуларниот дел имаше многу шанси, ја погоди и стативата на крајот, но не успеа да го најде патот до мрежата.

Меѓутоа во судиското надополнување во 100. минута Курда успеа да донесе предност за Падерборн, и да ја задржи до крај за голема радост на домашните фудбалери и навивачи, додека Волфсбург се сели во ранг подоле.

Се вчитува...