Роберто Манчини ќе биде нов селектор на Италија откако раководството на Федерацијата го избра токму екс-кормиларот за наследник на Џенаро Гатузо по хаосот што настана со блокадата на именување на Андреа Пирло за нов селектор и оставките што поради тоа ги поднесоа Малдини и Леонардо.
Челниците на федерацијата самите ги презедоа преговорите за нов селектор, веднаш ставија до знаење дека Манчини им е прв фаворит, за денеска да биде потврдено дека е постигнат целосен договор.
Искусниот стратег ја предводеше Италија до последниот голем успех – триумфот на ЕВРО 2021. Сепак, тоа остана во сенка на непласманот на мундијалот во 2022 година, и тоа токму по шокантниот пораз од Македонија во Палермо.
Манчини тогаш „преживеа“, но неколку месеци подоцна самиот си замина од федерацијата за да стане селектор на Саудиска Арабија. Италијанецот не се прослави, потоа доби отказ од таа функција, за сега повторно да се врати на чело на „аѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
