Падна договор: Мајк Џејмс потпиша за Барселона

Барселона ќе остане без тренер откако Чави Пасквал реши да се пресели на кормилото на Дубаи, но управата на каталонците работи напорно на засилување на играчкиот кадар, при што денеска беше осигуран уште еден важен потпис – Мајк Џејмс од следната сезона ќе ги брани боите на каталонскиот гигант.

Најдобриот стрелец во историјата на Евролигата веќе најави дека ќе си замине од Монако, тој имаше неколку интересни понуди на маса, но реши да ја прифати онаа за двогодишен престој во каталонската престолнина.

Приоритет за Барса беше Силван Франциско, но откако асот на Жалгирис обелодени дека приоритет му е преселба во НБА фокусот беше целосно насочен врз Џејмс, трка што каталонците успеаја да ја добијат.

Тој стана четврто засилување на Барса за наредната сезона, по центрите Мозес Рајт од Жалгирис и Џош Нибо од Милнао, како и финскиот крилен центар Оливие Нкамхуа од италијанскиот прволигаш Варезе.

Се вчитува...