Падна договор: Мурињо три години во Реал Мадрид!

Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе биде нов шеф на стручниот штаб на Реал Мадрид, со договор со важност до јуни 2029 година, пренесуваат шпанските медиуми.

Враќањето на трофејниот менаџер во шпанската престолнина е директна иницијатива на претседателот на клубот, Флорентино Перез. Оваа одлука доаѓа во клучен момент за „кралевите“, откако Перез неодамна распиша претседателски избори во клубот.

На претстојното гласање, 79-годишниот актуелен предводник на Мадрид ќе се соочи со противкандидатот Енрике Рикелме, претприемач во секторот за обновлива енергија. Ангажманот на Мурињо се смета за голем адут на Перез во трката за нов претседателски мандат.

 

Се вчитува...