Падна договор: Реал го „лапна“ Рудигер

Антонио Рудигер е нов фудбалер на Реал Мадрид. Стоперот од Челси ќе се пресели во Мадрид како слободен агент. Трансферот е веќе договорен, шпанските медиуми пишуваат дека Германецот денеска бил во Мадрид каде ги минал лекарските прегледи, а трансферот ќе биде објавен по финалето во Лигата на шампионите.

Со тоа Реал добива квалитетен стопер, со кој уште повеќе ќе ја засили одбраната. Рудигер беше поврзуван со многу клубови меѓу кои и Јувентус, Барселона и Баерн Минхен но на крајот се одлучи да стане „крал“.

Рудигер во минатото играше за Рома и Штутгарт. Го сврте вниманието кон себе со одличните настапи во Челси во текот на минатата сезона, и беше еден од заслужните за освоениот трофеј во Лигата на шампионите.

Стоперот се договори на четиригодишна соработка со Реал.

Се вчитува...