Падна првиот тренер во НБА сезонава: Отказ за тренерот на Њујорк никс

Прва тренерска смена сезонава во НБА лигата. Њујорк никс го отпуштија Дејвид Фицдејл по катастрофалниот старт на сезоната. Њујорк има само четири победи и 18 порази во најлошата историјата на целата НБА лига.

Фицдејл на клупата на Никс е од летото 2018 година и во првата сезоната имаше само 17 победи, наспроти 65 порази. Кариерата во Њујорк ја заврши со 21 победа и 83 порази.

По отказот Фицдејл во следните две и пол години ќе ги добие и преостанатите 15 милиони долари од договорот, а притоа нема да мора да се мачи со најлошата екипа во лигата и најомразениот сопственик на тим во НБА лигата, Џејмс Долан и неспособната управа.

Се вчитува...