Падна рекордот за највозрасен фудбалер, Мијура заигра на 50 години

Казујоши Мијура на свои 50 години и 7 дена заигра на професионален фудбалски натпревар и официјално стана најстариот фудбалер во историјата.

Познат како „Кралот Казу“ во Јапонија, Мијура игра за второлигашот Јокохама, кои вчера одиграа 1-1 со Варен нагасаки. Токму на овој натпревар, Мијура го собори рекордот на сер Стенли Метјуз стар 52 години. Сер Стенли Метјуз во 1965 година го постави досегашниот рекорд додека го носеше дресот на Стоук, а на свои 50 години и 5 дена одигра професионален меч против Фулам.

Мијура ја започна својата кариера в0 1986 година во Бразил, а играше за Сантос, Палмеирас, Џеноа, Динамо Загреб, Сиднеј, Кјото и Кобе. Од 2013 година игра за тимот на Јокохама во втората јапонска лига.

Се вчитува...