Падна САД… Американците првпат загубија по цели 13 години и 78 победи по ред

Повеќе од интересно Светско првентво го очекува кошаркарскиот свет ако се суди според пријателските натпревари за време на подготвителниот период. Репрезентацијата на Австралија ја запиша најголемата победа во својата историја, славејќи со 98-94 против САД.

Пред повеќе од 50.000 навивачи на преполниот „Марвел“ стадион во Мелбурн, Австралијците им нанесоа пораз на Американците по цели 13 години, прекунувајќи ја нивната серија од 78 победи по ред. Пети Милс мечот го заврши со 30 поени, најзаслужен за триумф на Австралија.

Австралијанците според игрите во подготвителниот период веќе се наметнуваат и како селекција за највисок пласман на Мундобаскетот, заедно со репрезентацијата на Србија која во моментов е прв фаворит за шампионската титула.

Се вчитува...