Паѓаат пресуди за поранешните функционери на ФИФА

Поранешниот потпреседател на ФИФА, Хуан Анхел Напуд, доби деветгодишна затворска казна откако беше осуден за рекетирање и корупција. Тој е еден од функционерите кои беа дел од големиот корупциски скандал во ФИФА. Во тој период беше претседател на КОМНЕБОЛ.

Покрај затворската, изречена му е и парична казна од 4,3 милиони долари.

Ова е втора пресуда за поранешен функционер на Светската фудбалска организација откако претходно на четири години беше осуден и поранешниот претседател на бразилската фудбалска федереација, Хосе Марија Марин.

Пресудата за Напуд ја изрече суд во Њујорк.

Се вчитува...