Пајиќ останува уште една сезона во Кожув

Предраг Пајиќ и во следната сезона ќе го носи дресот на Кожув, откако тимот од Гевгелија успеа да го убеди овој кошаркар да го продолжи престојот во редовите на „црвено-белите“ од југот на Македонија. Во изминатиот период сериозен интерес за овој кошаркар покажа и Работнички, но Пајиќ остана лојален на тренерот Јончевски и реши да остане во Кожув.

Тој дојде во Гевгелија минатото лето од редовите на Фени индустри и се наметна како стандарден член во тимот од Гевгелија. Пајиќ е вториот важен играч што останува во Кожув, откако претходно нов договор со овој клуб потпиша и искусниот плејмејкер Димитар Караџовски.

Претходно, од Гевгелија „во пакет“ за Пелистер заминаа Стајиќ и Трајковски, а Кожув во меѓувреме се засили со високиот кошаркар на ФМП, Мартин Шалев.

Се вчитува...