Пак се повреди најмалерозниот фудбалер на Баерн

Баерн Минхен повторно ќе мора да се снаоѓа без Кингсли Коман, по повредата што францускиот репрезентативец ја заработи на денешниот тренинг на баварскиот гигант.

Коман, кој со години наназад многу често има проблеми со најразлични повреди, мораше предвреме да го заврши тренингот, а тренерот Нагелсман на денешната прес-конференција обелодени дека „повредата не изгледа добро“.

Французинот ќе отсуствува најмалку три седмици, што би значело дека ќе биде „во аут“ до репрезентативната пауза, а се очекува во негово отсуство од првата минута да стартува Гнабри, кој сезонава најчесто ги почнуваше натпреварите од клупата за резерви.

Баерн Минхен по двете нерешени средби во серија во Бундес-лигата (против Борусија М. и Унион Берлин), утре ќе се обиде да се врати на победнички патеки на дуелот на домашен терен против Штутгарт.

Се вчитува...