Пак во елитата – Македонија се врати онаму каде што припаѓа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ракометот покажа зошто е спорт број еден во Македонија, па во истиот ден кога младите кошаркари доживеаја дебакл од Луксембург, ракометарите триумфираа на ЕХФ шампионатот во Скопје со убедливата победа над Белорусија.

Селекторот Брестовац и неговите избраници заслужуваат честитки за прикажаното на овој шампионат и остварувањето на големата желба – Македонија па да се врати онаму каде што припаѓа, во елитата и на младинскиот ракомет како што е дел од врвните натпреварувања и на сениорско ниво.

Имаше падови и подеми во текот на првенството, но најдоброто се сочува за крај, па на силната Белорусија денеска во СЦ „Борис Трајковски“ и беше одржана лекција по ракомет. За доказ на македонскиот квалитет, кому заслужено местото во иднина ќе му биде рамо до рамо со најдобрите селекции на „Стариот континент“.

Се вчитува...