Пако Лопез: Многу брзо Барди и тоа како ќе биде значаен дел од Леванте

Новиот тренер на Леванте, Пако Лопез слично како и неговиот претходник не се потпира премногу на услугите на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Но, Лопез вели дека многу набрзо Барди може да биде значаен дел од Леванте и негов стандарден првотимец кој има специфични карактеристики кои му се потребни на тимот.

„Енис Барди има нехои специфични карактеристики кои ги немаат другите фудбалери. Се работи за извонредно талентиран фудбалер кој напорно работи на тренинзите. Токму поради тоа верувам дека неговото значење за тимот многу набрзо ќе излезе на виделина. Во следниот период верувам ќе го покаже сиот свој квалитет, а јас сум подготвен да му дадам шанса“ – вели Лопез и дополнува:

„Премногу ми се допаѓа неговата посветеност кон тимот. Живее за овој тим. Ме восхити моментот кога против Еибар, иако знаеше дека по трите наши измени дека нема шанса да влезе во игра, истрча до средината од теренот да го прославува погодотоко. Тоа е живеење за тимот која сите мора да ја имаат.“

Леванте утре од 13 часот во 30. коло од Примера, гостува на Џирона.

Се вчитува...